Земјотрес со јачина од 4,2 степени по Рихтер во Грција
Земјотрес со јачина од 4,2 степени според Рихтер го погоди брегот на Хиос, Грција. Според грчките медиуми, земјотресот го погодил овој дел од Грција нешто пред 1 часот по полноќ.
Епицентарот се наоѓа на 13 километри северно од Псара.
Не се знае дали има жртви и каква материјална штета е причинета.
Босна и Херцеговина во саботата неколку минути пред 13 часот исто така ја погоди земјотрес.