Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала ја погоди Романија, јавува ЕМСЦ. Земјотресот се случил на длабочина од околу 15 километри.
#Earthquake (#cutremur) possibly felt 17 sec ago in #Romania. Felt it? Tell us via:
📱https://t.co/LBaVNedgF9
🌐https://t.co/AXvOM7I4Th
🖥https://t.co/wPtMW5ND1t
⚠ Automatic crowdsourced detection, not seismically verified yet. More info soon! pic.twitter.com/E2szIiI54t— EMSC (@LastQuake) March 4, 2023
Првично беше соопштено дека земјотресот бил со јачина од околу 4,2 степени според Рихтеровата скала. Епицентарот на земјотресот бил на 71 километар северо-северозападно од Дробета-Турну Северин и околу 5 километри северно од Рунчу.
Земјотресот се случил околу 00:55 часот по локално време.
Граѓаните оставија коментари за земјотресот на веб-страницата на ЕМСЦ. Тие пишуваат дека почувствувале земјотрес и дека многу се треселo околу нив. На некои дури им бил преместен мебелот.