Земјотрес со јачина од 3,8 степени по Рихтер кај Бања Лука

Земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтеровата скала е регистриран утрово на 24 километри од Бања Лука.

Според податоците на EMSC, земјотресот бил почувствуван во 7 часот и 33 минути, на длабочина од 8 километри, јавува „Српскаинфо“.

Силен земјотрес го погоди ова подрачје на 15 март околу 01:40 часот.

Потресот го почувствувале граѓаните во повеќе градови од регионот на Бања Лука.