Послаб земјотрес со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала, со епицентар кај Груде, рано утринава во 0:23 часот ја потресе западна Херцеговина, а беше почувствуван и на пошироко подрачје, вклучително и во Далмација.
Како што соопшти Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC), земјотресот бил со јачина од 3,3 степени според Рихтеровата скала.
Земјотресот се случил на длабочина од два километри.
Освен вознемиреност, ваквите потреси не предизвикуваат други последици, пренесува Хина.