Земјотрес со јачина од 2,7 степени по Рихтер регистиран во Беровско

Земјотрес со јачина од 2,7 степени според Рихтеровата сакала утрово во 9:53 часот бил регистиран во близина на Берово, сооопшти Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје.

Според информациите, епицинтарот на земјотресот бил на 11 километри северозападно од Берово, на длабочина од 10 километри.

Како што соопшти Сеизмолошка опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, телеметриската сеизмолошка мрежа земјава го регистрирала земјотресот со епицентар на 113 километри југоисточно од Скопје во Делчевско-беровското епицентрално подрачје

Опсерваторијата, според досегашните податоци со кои располага, земјотресот бил почувствуван од населението во Берово и околината со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.