Земјотрес со јачина од 2,3 степени според Рихтеровата скала утрово е регистриран во земјава во 3:24 часот, објави Европскиот медитерански сеизмолошки институт (EMSC).
Според информациите од Европскиот медитерански сеизмолошки институт, епицентарот на земјотресот бил на 20 километри северозападно од Скопје, во Република Косово.
Земјотресот бил почувствуван од населението во околината на Скопје, со интензитет од три степени според Европската макросеизмичка скала.