Земјотрес со епицентар кај Радовиш

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, со станици во Скопје, Валандово, Охрид, Штип и Пехчево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, синоќа 12.01.2023 година регистрираше земјотрес кој потекнува од епицентралното подрачје Радовиш, информираат од ПМФ.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата земјотресот се случи во 23 часот и 03 минути со Рихтерова локална магнитуда ML2.7 и интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.

Земјотресот беше почувствуван од населението во Радовиш и околината, се вели во соопштението.