Земјотрес со јачина од 4,1 степени според Рихтеровата скала ги потресе синоќа регионите Лаконија и Месинија на полуостровот Пелопонез, јужна Грција, објави Катимерини, повикувајќи се на податоци од Институтот за геодинамика на Националната опсерваторија во Атина.
Земјотресот бил на длабочина од 5 километри, а неговиот епицентар се наоѓал на 38 километри југозападно од крајбрежното село Геролименас во јужниот дел на полуостровот Мани.
Нема извештаи за повредени или материјална штета.