
Земјотрес со јачина од три степени според Рихтер утрово е регистриран кај Штип.
Според првичните информации, земјотресот се случил во 02 часот и 41 минута.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил на два километра северно од Штип, на длабочина од 1 километар.
Штипјани, на социјалните мрежи, споделуваат дека земјотресот бил силен и успеал да ги разбуди.