Земјотрес го погоди Крит

Земјотрес со јачина од 3,6 степени според Рихтеровата скала утрово го погоди грчкиот остров Крит.

Според Геодинамичкиот институт, епицентарот на земјотресот бил лоциран на 4 километри југозападно од Аркалохори.

Земјотресот е регистриран на длабочина од 8,4 километри.

Земјотресот бил почувствуван и во околните места, бидејќи епицентарот бил на копно.