Земјотрес во централна Италија

Земјотрес со јачина од 4,3 степени според Рихтеровата скала го погоди подрачјето на централна Италија неколку минути по полноќ. Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC) соопшти дека епицентарот на земјотресот бил на 8 километри од градот Мачерата, додека земјотресот се случил на длабочина од 2 километри.

На крајот на јануари годинава северот на Италија го погоди уште посилен земјотрес со јачина од 5,0 степени според Рихтеровата скала.

Епицентарот на земјотресот тогаш бил на 23 километри од градот Римини, а се случил на длабочина од 10 километри. Споменатиот земјотрес бил почувствуван во целиот регион Емилија Ромања.