Земјотрес во Турција
Земјотрес со јачина од 4,5 степени според Рихтеровата скала го погоди округот Путурге во Малатија, во централниот дел на Турција, соопшти Турската агенција за управување со катастрофи и вонредни состојби (AFAD).

Епицентарот бил на длабочина од 9,39 километри, а потресот се регистрирал во 6:43 часот наутро по локално време, објави новинската агенција Анадолија.
Според AFAD, засега нема пријавени повреди или значителни штети, а властите продолжуваат со проценка на ситуацијата на терен.