Земјотрес со јачина од 3,2 степени според Рихтеровата скала утрово околу 5 часот и 30 минути ја потресе Србија и ги исплаши сите што го почувствуваа.
Според ЕМСЦ, епицентарот бил на дваесетина километри од Трстеник и на околу 60 километри од Крагуевац.
Граѓаните во своите коментари во ЕМСЦ сведочат дека земјотресот ги разбудил и ги исплашил, но траел кратко.
„Добро не потресе и не разбуди, но кратко траеше“, се бројни коментари на ЕМСЦ.