Земјотрес во Словенија, на 29 километри од Љубљана

Земјотрес со јачина од 2,4 степени според Рихтеровата скала се случи рано утрово недалеку од Љубљана, соопшти Сеизмолошката служба на Словенија.

Епицентарот на земјотресот во 3 часот и 31 минути бил во близина на Иванчна Горица, на 29 километри од главниот град.

Според прелиминарните податоци, тоа го почувствувале многу жители на централна Словенија, пренесува Slovenske Novice.

Се проценува дека интензитетот на земјотресот не го надминал нивото IV според Европската сеизмичка скала.