Земјотрес во Македонија

Земјотресот кој се случи утринава, на 18.10.2023 година во 10 часот и 24 минути, е со епицентар кој се наоѓа 35 км западно од Скопје и потекнува од епицентралното подрачје Тетово-Гостивар, а е со Рихтерова локална магнитуда ML3.3.

Тој беше регистриран на телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Северна Македонија, на сеизмолошките станици инсталирани ширум нашата територија, одржувани од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопј.

Според досегашните податоци со кои располага опсерваторијата, земјотресот е почувствуван од населението во регионот Тетово-Гостивар со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала.