Утринава во 9 часот и 11 минути е почувствуван земјотрес низ целиот западен дел од земјава, а потресот се почувствува и во главниот град.
Европскиот сервис „ЕМСЦ“ соопшти дека земјотрес со јачина од 3,8 степени според Рихтер утрово ја стресе земјава, а епицентарот е регистриран само 30 километри од Скопје – 8 километри источно од Тетово, на длабочина од 2 километри.