Земјотрес во БиХ, почувствуван и во Хрватска

Земјотрес утринава е регистриран во Босна и Херцеговина. Првичните информации се дека магнитудата била 4,8 степени, пишува „EMSC“.

Епицентарот бил на 24 километри од Мостар, а на 10 километри од Широки Брег.

„ Се почувствува и кај нас“ пишуваат хрватските медиуми.

Нема информации за евентуални штети или за повредени.