Земјотрес во Албанија, почуствуван и во Македонија

Земјотрес со јачина од 4,7 степени по Рихтер синоќа е регистриран во соседна Албанија.

Според информациите на ЕМСЦ, земјотресот е регистирран во 02 часот и 43 минути по локално време.

Дел од жителите во пограничните региони со Македонија и Грција ги напуштиле своите домови и ноќта ја поминале под отворено небо.

Регистрирани се и афтершокови.