„Додека не го вратиме она што ни припаѓа и додека нема правда, санкциите мора да се зголемат и да бидат ефективни, тие не смеат да бидат само за медиумите, туку мора да се спроведуваат, за да има мир“.
Ова го изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски во новото видео обраќање објавено синоќана социјалните мрежи.
„Можеме да ги дефинираме сигналите што ги слушаме од платформата за преговори како позитивни, но овие сигнали не ја замолчуваат експлозијата на руските проектили. Се разбира, ги гледаме сите ризици. Се разбира, не гледаме причина да им веруваме на зборовите на одредени претставници на држава која продолжува да се бори за наше уништување. Украинците не се наивни луѓе. Украинците веќе научија во овие 34 дена на инвазија и во последните осум години од војната во Донбас дека може да се верува само на конкретен резултат“ – вели претседателот на Украина.
Тој тврди дека Киев е подготвен да го прифати статусот на неутрална земја и бара да има „гарантни држави“, пред се Турција.
„Мора да се гарантираат суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина. Не може да има компромис за суверенитетот и нашиот територијален интегритет. Тоа се јасни принципи“ – е ставот на украинскиот претседател – Володимир Зеленски.
А за санкциите вели: „Санкциите не смеат да престанат сега, туку мора да се зајакнат, за да има вистински мир“.