Зеленски: 90 земји веќе го потврдија учеството на мировниот самит во Швајцарија

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека 90 земји веќе го потврдиле учеството на глобалниот мировен самит во Швајцарија закажан за 15 јуни.

„Вкупно 90 земји го потврдија своето присуство досега, а ние продолжуваме да работиме со светските лидери за да обезбедиме уште поголемо учество“, рече Зеленски, а пренесува „Европска правда“.

Тој изрази благодарност до шпанскиот премиер Педро Санчез што го потврди неговото присуство на самитот.