Зеленски: 100.000 војници на „Вагнер“ убиени или ранети во источна Украина

Претседателот на Украина Володимир Зеленски изјави дека украинските трупи елиминирале 21 илјади платеници на групата „Вагнер“ и ранија уште 80 илјади на исток.

-Само на истокот на Украина, нашите војници елиминираа 21 илјади (руски платеници) и ранија уште 80 илјади. Односно, околу 100 илјади борци на групата „Вагнер“ беа убиени или ранети од нашите војници на исток. Тоа беа колосални загуби за „Вагнер“, изјави Зеленски во интервју за шпанските новинари.

Тој додаде дека „Вагнер“ регрутирал многу свои борци во казнените објекти и повеќето од нив немале избор.