Зеленски: Ќе прифатиме членство во НАТО, ако ни понудат!
„На Украина и се потребни `сериозни играчи кои се подготвени да одат до крај` кога станува збор за безбедносните гаранции“. Ова го изјави денеска украинскиот претседател – Володимир Зеленски на државната телевизија.
Зеленски рече дека сè уште нема „конкретен список на земји кои се подготвени да бидат 100 проценти посветени на Украина“. Тој додаде дека Украина во моментов преговара за безбедносни гаранции со неколку земји, меѓу кои Франција, САД, Германија, Турција, Велика Британија и Полска.
„Потребни ни се сериозни играчи кои се подготвени да одат до крај. Ни треба група земји кои можат да ни достават какво било оружје во рок од 24 часа. Тоа мора да бидат земји кои имаат вистинско влијание врз санкциите и кои се подготвени да се мобилизираат веднаш откако ќе ни се закани Руската Федерација“ – рече Зеленски.
„Тие земји би се обединиле. И во рок од 24 часа, два или три дена, би вовеле санкции, би блокирале сè. Тие едноставно би ја блокирале Русија“ – додаде тој.
За членството во НАТО, Зеленски рече дека Украина ќе се приклучи на воената алијанса дури и ако Русија го постави како услов за мировни преговори неприклучувањето на Киев кон Алијансата.
„Ако утре ни биде понудено членство во НАТО без да ги ризикуваме животите на нашите граѓани, тогаш ќе се приклучиме“ смета Зеленски.