Зеленски ќе присуствува на инаугурацијата на Мајли, новито аргентински претседател

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека патува за Аргентина, каде ден подоцна ќе присуствува на инаугурацијата на новиот претседател.

Зеленски, кој го најави своето патување преку Телеграм е во прва посета на Латинска Америка. Денеска ќе присуствува на инаугурацијата на аргентинскиот претседател Хавиер Мајли.

Украинските медиуми шпекулираа дека инаугурацијата на Мајли може да послужи како средба меѓу Зеленски и унгарскиот премиер Виктор Орбан за да се решат разликите околу кандидатурата на Украина за членство во Европската унија.

На самитот на ЕУ следната недела ќе се одлучи дали Унијата ќе ги започне пристапните преговори со Украина, која минатата година доби кандидатски статус.

Одлуката мора да биде донесена едногласно, а Орбан постојано го изразуваше своето противење за почеток на преговорите.