Зеленски: Ќе има само еден одговор за руските сили – омраза и презир!

Претседателот на Украина – Володомир Зеленски во ново обраќање до домашната и светската јавност.

„Ќе има само еден одговор за руските сили – омраза и презир. Нашите вооружени сили несомнено ќе одговорат. Затоа украинските селани ги заробуваат соборените руски пилоти во нашата земја. Затоа нашите „тракторски сили“, украински земјоделци, ја земаат руската опрема од полињата и ја предаваат на украинската армија. А особено најновите модели, оние што Русија се обидува да ги задржи во тајност. И сега окупаторите ги оставаат на нашата земја и бегаат. Всушност, тие ја прават вистинската работа. Затоа што е подобро да избегаат отколку да умрат. Нема и нема да има други алтернативи“ – рече Зеленски.

Тој испрати порака до Европа, велејќи дека мора „да ја засили помошта за Украина“.

„Чекавме 31 ден. Сакам барем мал дел од нивната храброст за оние кои 31 ден размислуваат како да испратат 10 или 20 тенкови или авиони“ – порача претседателот на Украина.