Володомир Зеленски – претседателот на Украина рано утринава во видео порака до нацијата ги повика Украинците да продолжат со отпорот.
„Ние сме нација која една недела ги осуетува плановите на непријателот, рече тој. „Тука нема да имаат мир. Нема да имаат храна. Овде нема да имаат мир“ – рече Зеленски.
Не коментираше дали руските сили зазеле неколку градови, вклучувајќи го и Херсон.
„Доколку отишле некаде, тоа е само привремено. Ќе ги потиснеме“ – рече Зеленски.
Претседателот на Украина додаде дека борбите влијаеле врз духот на руските војници кои „одат во продавници за храна и се обидуваат да најдат нешто за јадење“.
-Тоа не се борци на велесила. Тоа се збунети деца кои се искористени“ – рече Зеленски.
Тврди дека бројот на убиени но руска страна веќе достигна 9.000.