Зеленски ја обиколи линијата на фронтот во источна Украина

Украинскиот претседател Володимир Зеленски беше во обиколка на линијата на фронтот во регионот Доњецк во источна Украина, соопшти Претседателството.

Шефот на државата „ги посети првите позиции во одбранбената зона Вугледар-Маринка, каде со месеци се водат битки со руската армија“, се наведува во соопштението на Претседателството, во кое има и фотографии од Зеленски со војници.

На тие фотографии Зеленски е со цивилни и воени службеници и се ракува со нив.

Зеленски се сретна и со маринците по повод Денот на тие сили, кој се одбележа денеска во Украина, а на војниците им додели државни награди, како и најава за формирање на неколку нови бригади од тие единици.

„Секој ден на бојното поле маринците докажуваат дека се моќна сила која го уништува непријателот, ги ослободува украинските земји и ги извршува најтешките задачи во најтешки услови. И ни требаат повеќе такви сили“, рече Зеленски.