Володимир Зеленски – украинскиот претседател се обрати попладнево на донорската конференција на ЕУ за Украина со барање за средства и забрзана процедура за членство во ЕУ. Зеленски се обрати кусо на почетокот на конференцијата со барање за забрзана процедура за членство во ЕУ, што ја нарече „специјална процедура“ за членство.
„Членството на Украина мора да биде апсолутна реалност, не само ветувања и перспективи туку практични чекори, јас го знам тоа, и вие го знаете, мнозинството меѓу вас го разбира ова“ – изјави Зеленски пред присутните лидери на ЕУ, меѓу кои премиерите на Шведска, Полска, како и претседателите на Европскиот Совет и на Европската Комисија, Шарл Мишел и Урусла фон дер Лајен.
Украинскиот премиер Денис Шимал повтори дека Украина сака членство во ЕУ веднаш, и дека „во одбрана на ЕУ“ ја води оваа војна.