Зеленски: Украина ја разбива втората најсилна армија во светот

„Москва доживува неуспех во инвазијата на Украина и во Русија расте чувството на пораз“ рече украинскиот претседател Владимир Зеленски, одбележувајќи 8 месеци од почетокот на војната на 24. февруари.

„Украина ја разбива таканаречената втора најсилна армија во светот“ – рече Зеленски синоќа во своето стандардно видео обраќање.

„Чувството на пораз во Русија станува се посилно“, рече тој додавајќи дека таа земја порано била важен политички актер, но дека Москва сега е се поизолирана на меѓународно ниво.

Зеленски истакна дека украинските сили продолжуваат да ја враќаат окупираната територија секој ден.

„Целата земја, вклучително и полуостровот Крим, кој Русија го анектираше во 2014 година, ќе биде ослободена“ порача украинскиот претседател.