Зеленски: Украина е подготвена да и помогне на Турција по земјотресот

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека неговата земја е подготвена да и ја обезбеди потребната помош на Турција по земјотресот што ја погоди утринава.

„Шокиран сум од веста за смртта и стотиците повредени по земјотресот во Турција. Изразуваме сочувство до семејствата на жртвите, а на повредените им посакуваме брзо закрепнување. Во овој момент стоиме со луѓето на пријателски начин и сме подготвени да ја пружиме потребната помош за надминување на последиците од земјотресот“ – напиша Зеленски на Твитер.

Рано утрово јужна Турција беше погодена од земјотрес со јачина од 7,8 степени според Рихтеровата скала, при што загинаа стотици луѓе, а многу други беа повредени.