„Украина `де факто` е членка на Европската Унија“.
Ова денеска, при видеообраќање во Парламентот во Луксембург го изјави украинскиот претседател – Володимир Зеленски.
„Јас верувам дека со своите постапки, Украина веќе покажува дека ги исполнува европските критериуми“ рече Зеленски.
Тој побара да „се запре оваа индивидуа (Путин) од уништување на европските вредности”.
„Доколку не успееме заедно да го запреме овој човек, тогаш овие часови се темни, темни часови, што ние веќе ги доживеавме во Втората светска војна“ рече претседателот на Украина.
Зеленски повика за понатамошни санкции на ЕУ против Русија и за испорака на „повеќе модерно оружје”.