
Најмалку три лица загинаа во рускиот напад врз градот Запорожје, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.
Зеленски рече дека акцијата за спасување е во тек, без да даде детали.
„Запорожје. Уште еден напад на руски терористи. Досега се пријавени три лица убиени“, рече Зеленски на Телеграм.