Зеленски: Тешка е ситуацијата во Украина

Ситуацијата во моментов е тешка насекаде, но најтешка е на фронтот. Нападите продолжуваат. Како и одбраната на нашите позиции, истакна Зеленски

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски во синоќешното обраќање до нацијата истакна дека е тешка ситуацијата во земјата.

– Ситуацијата во моментов е тешка насекаде, но најтешка е на фронтот. Нападите продолжуваат. Како и одбраната на нашите позиции, истакна Зеленски.

Поради руските напади врз украинскиот енергетски систем граѓаните немаат електрична енергија и греење, додека на фронтот, руската армија напредува кон југ и исток.