Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека терористи нападнале станбена зграда во Запорожје. Луѓето, вели тој, биле убивани додека спиеле.
Zaporizhzhia. Night. Terrorists hit a residential building where civilians are sleeping. There are dead, wounded, missing people. We won’t give Russian evil a chance to dominate either in 🇺🇦 or anywhere in the world. This evil won’t avoid responsibility for the crimes committed. pic.twitter.com/HN4Q3ub05z
— Володимир Зеленський (@ZelenskyyUa) March 2, 2023
Најмалку три лица загинаа, а неколку се ранети во ракетниот напад врз градот во раните утрински часови.
Службите за итни случаи претходно денеска известија дека спасиле 11 лица од урнатините, а се уште трагаат по преживеани.