Зеленски: Струјата се врати во домовите на речиси шест милиони Украинци

По масовните руски воздушни напади врз украинската електрична инфраструктура, Украина успеа да ја врати електричната енергија во домовите на речиси шест милиони луѓе во последните 24 часа, изјави денеска претседателот на земјата, Володимир Зеленски.

„По вчерашниот терористички напад, поправките и другите работи за оспособување на електричната и енергетската инфраструктура продолжуваат без прекин“, рече Зеленски за време на своето видео обраќање, пренесува Ројтерс.