Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека новото икслучување на струјата што ја поврзува нуклеарната централа Запорожје со националната мрежа ја довело нуклеарната централа чекор поблиску до катастрофа со радијација. Зеленски рече дека за тоа е одговорно новото руско гранатирање.
„Уште еднаш, по вторпат, поради руска провокација, станицата Запорожје беше на работ на радијациска катастрофа“ – рече тој во својата вечерна видео порака.
Според него, гранатирањето на територијата околу нуклеарната централа значи дека на Русија не ѝ е грижа што ќе каже Меѓународната агенција за атомска енергија и оти не е загрижена што ќе одлучи меѓународната заедница.
Резервниот далновод што ја снабдува руската електрана Запорожје (ЗНПП) во Украина намерно беше исклучен поради гаснење на пожар, но не е оштетен, соопшти Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ), повикувајќи се на информации од Украина.
ЗНПП продолжува да ја добива потребната енергија за безбедност од својот единствен оперативен реактор, се вели во соопштението на МААЕ.