Зеленски: Со Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо

Под администрацијата на Доналд Трамп, војната во Украина ќе заврши побрзо, изјави денеска украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Володимир Зеленски, претседателот на Украина, ги коментираше неговите интеракции со новоизбраниот американски претседателски кандидат Доналд Трамп, наведувајќи дека неговата стратегија ќе го забрза крајот на војната во Украина.

Во интервју за украинскиот „Сусплин“, Зеленски истакна дека правичниот мир е клучен за Украина, за да не имаат чувство дека го изгубиле најдоброто и да им се наметне неправда.

„Војната ќе заврши, но нема одреден датум. Се разбира, со оваа политика тимот, кој сега ќе управува со Белата куќа, војната ќе заврши побрзо“.

Зеленски исто така исткна дека при неговиот разговор со Трамп не слушнал ништо што е против украинската позиција и украинските интереси.

На појасно прашање дали Трамп ќе ја натера Украина да учествува во преговорите со Русија, Зеленски одговори: „Ние сме независна земја. И докажавме за време на оваа војна – нашиот народ, исто како и јас лично во разговорите со САД, Трамп, Бајден и европските лидери – дека пристапот ‘седни и слушај’ не функционира кај нас“.

На 7 ноември, Зеленски имаше телефонски разговор со Доналд Трамп и му честиташе за победата на претседателските избори во САД.