Претседателот на Украина – Володимир Зеленски ги повика мајките во Русија да не ги испраќаат своите деца на бојното поле.
„Сакам да им го кажам ова уште еднаш на руските мајки, особено на мајките на воените регрути. Не ги испраќајте вашите деца во војна во странска земја“ – рече Зеленски.
Тој ги повика „да не веруваат во ветувањата дека ќе бидат испратени некаде на вежби … или во неборбени услови“ и „да дејствуваат веднаш доколку има сомневања дека нивните деца се испраќаат да се борат во Украина“.
Обраќањето доаѓа откако Русија во средата за првпат призна присуство на регрути во редовите на нејзините сили во Украина – од кои многумина не биле обучени за борба – и објави дека голем број од нив биле заробени.
Само 7.144 луѓе вчера беа евакуирани од украинските градови, соопшти Зеленски во своето последно телевизиско обраќање, што е значително помалку отколку во претходните два дена.
Тој ја обвини Русија дека ги спречува луѓето да го напуштат опколениот град Мариупол и рече дека властите ќе се обидат денеска да достави храна и лекови во градот.