Претседателот на Украина, Володимир Зеленски ги повика земјите од ЕУ да го забранат емитувањето на руски тв канали на нивна територија.
„Ниту еден руски државен канал не треба да смее да работи во рамките на ЕУ“ – рече Зеленски.
Тој уште еднаш ги повика европските земји да го забранат влезот на руските граѓани и да го блокираат рускиот банкарски систем.