Зеленски: Сојузниците ветија воена помош за Украина во висина од две милијарди долари

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека на вчерашната средба на Контакт групата за одбрана на Украина, што се одржа во американската воздухопловна база Рамштајн, Германија, западните сојузници ветиле дополнителна воена помош.

– Имавме добра средба со многу добар резултат. Имаше дополнителни пакети помош за Украина во висина од две милијарди долари, посочи Зеленски.

Помошта ќе биде наменета за украинската воздушната одбрана, информатичката технологија, чистењето мини, морнарицата, воздухопловните сили и за артилеријата.