Зеленски: Силите на Киев само во октомври вратија 500 квадратни километри територија

Володимир Зеленски – претседателот на Украина најави дека украинската армија забрзано враќа сè повеќе територии, особено на југот на земјата, во време кога во Русија се слушаат критики против военото раководство поради начинот на кој се води оваа војна, пренесува „Ројтерс“.

Во видео обраќање вчера Зеленски објави дека силите на Киев само во октомври повторно зазеле повеќе од 500 квадратни километри територија и десетици населби во јужниот регион на Херсон.

Тој изјави дека од први октомври, украинските сили повторно зазеле повеќе од 500 квадратни километри територија и десетици населби во јужниот дел на регионот Херсон.