Володимир Зеленски – претедателот на Украина имал телефонски разговор со американскиот претседател Џо Бајден за безбедноста, финансиската поддршка за Украина и продолжувањето на санкциите против Русија.
„Како дел од постојаниот дијалог, имав уште еден разговор со претседателот“ – објави Зеленски на Твитер.
Од Белата куќа соопштија дека повикот траел 30 минути и дека Бајден ја поздравил одлуката на Visa и Mastercard да ги прекинат своите операции во Русија.
„Бајден ја зголемува безбедносната, хуманитарната и економската помош за Украина и работи со Конгресот за да обезбеди дополнително финансирање“ – додаде Белата куќа.