Зеленски се појави во опколениот Бахмут

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денеска ненајавено го посети градот Бахмут на првата линија на бојното поле, каде украинските и руските сили се борат со месеци, јавува Би-Би-Си.

Тој се сретна со војниците и им додели награди, соопштија од кабинетот на претседателот.

Бахмут со месеци е во центарот на руската кампања во регионот на Доњецк, а Москва вложи огромни ресурси за да го освои.

Во градот, кој пред војната имаше 70.000 жители, останаа малку цивили.

Во соопштението објавено вчера од кабинетот на Зеленски, Бахмут се споменува како место на најжестоките борби на целото бојно поле.

„Уште од мај окупаторите се обидуваат да го поразат нашиот Бахмут, но времето минува и Бахмут веќе ја победи не само руската армија, туку и руските платеници кои дојдоа да ја заменат исцрпената окупаторска војска“, се вели во соопштението“ изјави украинскиот претседател.