Зеленски се надева дека заедничката сила на Украина и Западот ќе ја принуди Русија на мир

„Благодарен сум на американскиот претседател за поканата. Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна“, рече Зеленски на Телеграм по пристигнувањето во Вашингтон доцна синоќа.

Украинскиот претседател Володимир Зеленски по пристигнувањето во Вашингтон изјави дека се надева дека „заедничката сила“ на Украина со своите американски и европски колеги ќе ја принуди Русија да склучи мир.

„Благодарен сум на американскиот претседател за поканата. Сите подеднакво сакаме брзо и сигурно да ја завршиме оваа војна“, рече Зеленски на Телеграм по пристигнувањето во Вашингтон доцна синоќа.

„И се надевам дека нашата заедничка сила со Америка и нашите европски пријатели ќе ја принуди Русија да склучи вистински мир“, рече тој.