Зеленски: Руските средства во ЕУ мора да се користат за одбрана на Украина
„Исто како што властите конфискуваат пари од дилери на дрога и запленуваат оружје од терористи, руските средства мора да се користат за одбрана од руска агресија и обнова на она што беше уништено од руските напади. Тоа е морално. Тоа е фер. Тоа е легално“, рече Зеленски во обраќањето пред Советот на ЕУ.
Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес на состанокот на Советот на ЕУ изјави дека замрзнатите руски средства во Европската Унија треба да се користат за одбрана од руски напади и за обнова на Украина.
„Исто како што властите конфискуваат пари од дилери на дрога и запленуваат оружје од терористи, руските средства мора да се користат за одбрана од руска агресија и обнова на она што беше уништено од руските напади. Тоа е морално. Тоа е фер. Тоа е легално“, рече Зеленски во обраќањето пред Советот на ЕУ.
Тој истакна дека Европа досега постигнала многу и дека рускиот претседател Владимир Путин не успеал да ја скрши Украина или европската солидарност.
„Европа постигна многу, а Путин не ја скрши Украина, ниту ја направи Европа да изгледа како губитник“, рече тој.
Претседателот на Украина изјави дека Соединетите Американски Држави предложиле компромис што подразбира поделба на нуклеарната централа Запорожје меѓу три страни – Украина, САД и Русија, и нагласи дека смета дека таков предлог е неправеден.
„САД предложија компромис за кој веруваат дека би подразбирал дека електраната постои и функционира на некој начин, и дека е поделена во одредени пропорции меѓу трите страни. Разговаравме за тоа долго време и им кажав дека мислам дека е неправедно“, рече Зеленски.