Зеленски: Руските дронови нападнаа цивилна инфраструктура
Претседателот Володимир Зеленски рече дека Русија лансирала повеќе од 40 дронови доцна синоќа за да ја нападне цивилната инфраструктура, што, според него, покажува дека мора да се изврши притисок врз рускиот претседател Владимир Путин заради мирот.

-Токму таквите ноќни напади на Русија ги уништуваат нашите енергетски системи, нашата инфраструктура, нормалниот живот на Украинците, рече Зеленски во објавата на Телеграм. „Денес Путин де факто го отфрли предлогот за целосен прекин на огнот, би било правилно светот да одговори со отфрлање на сите обиди на Путин да ја продолжи војната“, додаде тој..
Претходно, на онлајн прес-конференција, Зеленски, цитиран од украинските медиуми, рече дека Украина и Русија, со посредство на американската страна, би можеле да се договорат меѓусебно да не ја напаѓаат енергетската инфраструктура.
-Не може да се случи Русија да го нападне нашиот енергетски сектор и ние да молчиме. Ќе одговориме. Но, двете страни, украинската и руската, не треба да ја напаѓаат енергијата – нашата земја ќе го поддржи тоа, рече Зеленски.
Во меѓувреме, руските медиуми јавија дека имало експлозии во Киев, каде што е на сила режимот на воздушна тревога. Во главниот град на Украина се слушале сирени цели 3,5 часа, објавија украинските медиуми.