
Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека Русија планира долгорочни напади со ирански беспилотни летала врз Украина.
Во видео обраќањето, Зеленски рече дека Киев има информации дека Русија планира долгорочен напад со ирански беспилотни летала Шахед и дека смета на исцрпување на Украина со тие напади.
– Да ги исцрпиме нашите луѓе, противвоздушната одбрана, нашата енергија… Сега е време кога сите вклучени во заштитата на небото мора да бидат особено внимателни – рекол Зеленски, пренесува Интерфакс Украина.