Украинскиот претседател Володимир Зеленски во своето ноќно видео обраќање до нацијата рече дека украинските сили собориле речиси 250 руски хеликоптери од почетокот на војната.
„Вкупниот број на соборени руски хеликоптери се приближува до 250. Руските окупатори веќе изгубија толку многу опрема, не само авиони, што повеќето од светските армии едноставно немаат и никогаш нема да имаат“ – рече Зеленски.
„Русија нема да може да се опорави од таквите загуби. Им благодарам на сите наши борци за постепената и неповратна демилитаризација на непријателот“ – заклучи украинскиот претседател.