Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави дека повеќето региони во Украина синоќа биле погодени од прекин на електричната енергија по новото руско гранатирање.
Русите повторно ја гранатираа енергетската инфраструктура на Украина, потврди Зеленски.
– Во поголемиот дел од Украина синоќа снема струја. Посебно е тешко во регионот на Киев и во самиот главен град, во регионот на Лавов, во Одеса, Херсон и неговата околина, во Виница и Закарпатија – рече Зеленски.
Тој изјави дека вчера Русија истрела десетици проектили кон Украина, напаѓајќи ги Киев, Лавов и Одеса на запад и други градови низ земјата, што е еден од најголемите воздушни напади до сега.