Украинскиот претседател – Володимир Зеленски во телевизиско обраќање до нацијата денеска изјави дека руските сили се подготвуваат да го бомбардираат градот Одеса, на украинскиот брег на Црното Море.
-Ракети против Одеса? Тоа ќе биде воено злосторство – рече тој во обраќањето.
Зеленски вчера во видео порака кажа дека руската армија не ги постигна своите цели, а во 10-дневните борби загинале речиси 10.000 руски војници.
Сепак, засега оваа бројка, но се чини дека е многу поголема од 498-те смртни случаи што Москва ги призна претходно неделава.
Зеленски ги повика своите сонародници да ги протераат руските сили од Украина.
„Мораме да излеземе! Мора да се бориме! Секогаш кога ќе се укаже прилика“ вели украинскиот лидер.