Зеленски: Продолжуваат активни борби во различни области на фронтот, најтешко е во Доњецк и Луганск

Украинската армија сè уште го држи стратешкиот источен град Бахмут и покрај повторените руски напади, додека ситуацијата во регионот на Донбас е сè уште многу тешка, изјави синоќа украинскиот претседател Володимир Зеленски.

Во видео-обраќање Зеленски рече дека руските ракети и беспилотни летала продолжуваат да ги гаѓаат украинските градови, предизвикувајќи уништување и жртви, пренесе Ројтерс.

„Продолжуваат активните борби во различни области на фронтот. Ситуацијата е сè уште многу тешка во регионите Доњецк и Луганск“, порача украинскиот претседател.

Тој додаде дека најтешка е ситуацијата во правец на Бахмут, како и претходните денови, но дека тие ги држат своите позиции.